„Позади мене можете да забележите еден обид од страна на актуелниот градоначалник за изигрување на законите и за манипулација со законите. Затоа што четири години ништо не направи освен што работеше за своите лични интереси. Четири години работа за лични интереси, и четири години уништување на општината Маврово Ростуше. Четири камења нема ставено во четири години, но затоа има направено многу комбинации кои што се во негов личен финансиски интерес“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиуми од Леуново.
Николоски додаде дека позади него можат да се забележат објекти за кои што има спорна документација и за кои што не е сосем јасно дали има соодветно издадени одобренија за градба. А, според кажувањата на дел од надлежните за дел од нив и воопшто нема одобренија за градба.
„Жителите на Леуново реагираат дека на тој начин ќе немаат можност да имаат и она малку што го имаат сега како вода за пиење, затоа што целокупната вода за пиење се насочува кон комплексот „Радика“ кој што е позади мене. Па, сакам јавно да прашам дали личните и бизнис интереси на водството на СДСМ и на луѓето кои што во општината овдека сега раководат од СДСМ се над интересите на жителите кои што живеат во Леунов“, запраша Николоски.
Николоски посочи дека на тоа ќе се стави крај. Мавровското езеро ќе се развива според план.