Кандидатот за градоначалник на Тетово Вулнет Мурсели од Алијасан за Албанците и Алтернатива при посетата на Градската библиотека во Тетово вети нови простории за две читални и конечно отворање на новата зграда на Градската библиотека.

– Денеска дблизу се запознав со функционирањето на оваа институција која со години чека изградба на новиот објект и кој сè уште не е готов. Ги уверив дека на почетокот на мојот мандат, заедно со тимот, ќе обезбедиме простории што ќе ги приспособиме за две читални и простор што ќе служи како интернет центар за ученици, студенти и граѓани. Во меѓувреме, ќе работиме напорно за да ја добиеме централната власт што е можно поскоро, што на крајот ќе ги отвори вратите на зградата на библиотеката во Тетово – рече Мурсели.