Акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи за локалните избори 2021 година кои треба да се одржат во недела (17 октомври.)

Изборите ќе бидат мониторирани од 714 домашни набљудувачи, според податоците од Државната изборна комисија.

Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.

Акредитирани за набљудување, исто така, се и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи.

217 набљудувачи има акредитирано од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, додека Американската амбасада има 15, Британската амбасада 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.

Според Роковникот на ДИК, акредитацијата на набљудувачите за овие избори заврши на 6 октомври.