Српското Министерство за здравство објави дека од денеска е во функција мобилен број на кој граѓаните преку Вибер апликација ќе можат да пријават лекари кои на пациентите не им препорачуваат вакцинација, без јасна, оправдана и конкретно наведена медицинска причина, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова го потврди и министерот за здравство, Златибор Лончар, кој изјави дека лекарите кои на своите пациенти ќе им кажат да не примаат вакцини, ќе одат на Судот на честа на Лекарската комора на Србија, која ќе покрене процес и дека тоа значи да лекарот тогаш „најверојатно ќе ја загуби лиценцата“.

– Тоа е одлука на професијата, а членовите на Лекарската комора на Србија се сите лекари во Србија. Ја поддржувам таа одлука, тоа е нешто неизбежно, истакна Лончар.

Тој изјави дека станува збор за прашање на време кога во Србија ќе се воведат ковид пропусници, бидејќи, како што кажа, причината е едноставна, а тоа е спасување на човечки животи.

– Мислам дека ќе мораме, порано или подоцна, да дојдеме до ковид пропусниците. Во огромното мнозинство земји тоа функционира и работи, оцени Лончар.