Во „Зест галери“ во Стокхолм ќе биде отворена изложбата „До хоризонталната линија” на Михаела Јовановска и Александар Зафировски.

Уметниците првпат заедно ќе се претстават пред шведската публика. Изложбата е на покана од галеријата и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.