Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани.

Победа е нашата заедничка цел.

Не смееме да останеме заглавени во хаосот и безидејноста создадени од оваа власт.

Не сме сите исти.

Ние сме со народот, гарантираме и нудиме нов почеток за Охрид и Македонија.

Секој глас е важен.

Поминаа четири години во безидејност, апатија, хаос, неработа, национален срам и понижување.

Затоа на 17-ти октомври да излеземе сите сложно и да победиме уште во првиот круг. Сега е наше време, гарантираме победи, проекти, промени.

Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене!