Димитровска рече дека на нивната листа има луѓе со интегритет, експерти, професионалци, кои ќе ја чуваат општината, буџетот и ќе ги застапуваат интересите на граѓаните.

Кандидатката за градоначалник на Куманово од движењето „Одлучно за промени" Теодора Димитровска ги покани граѓаните во недела на 17 октомври да излезат и да се одлучат за промени, да гласаат за бројот 2, за неа и за советничката листа предводена од Валентин Ефтимовски.

Димитровска рече дека на нивната листа има луѓе со интегритет, експерти, професионалци, кои ќе ја чуваат општината, буџетот и ќе ги застапуваат интересите на граѓаните.

– Доста веќе во Куманово владее црно-белиот свет, доста веќе сите чуствуваме дека нема простор за други сили, друга енергија и друга генерација политичари на политичката сцена-рече Димитровска.

Таа најави и дел од проектите опфатени во програмата, воведување на ГИС, поставување на подземен катастар во кој ќе бидат опфатени водоводната, канализациската и атмосферската инфраструктура, приклучоците, електричните кабли, поставување зелени острова, крстосници. Во програмата е предвидено и намалување на паушалите на советниците и пренасочување на средствата за ужина на ученици до петто одделение. Во проектите на движењето поддржано од ЛДП и ДОМ за Куманово е предвидено поставување на саат кула, каква што била во 17 век со туристичко-информативно биро со сувенирница, каде туристите ќе се запознаат со културно-историските знаменитости во Куманово, мапирање на сите објекти.