Кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на СДСМ, Хамдија Елезовиќ денеска ја имаше последната активност од кампањата за локалните избори.
На граѓаните им порача дека овие избори се клучот на тоа како сакаат да изгледа општина Тетово во иднина.
-Градот мора да стане почист, со силна инфраструктура, чист воздух, достапна воза да пиење,без кучиња за скитници и можности за младите. Овие избори, ќе го обликуваат Вашето секојдневие во наредните четири години. Ќе ја обликуваат секоја дупка на улица, секоја улична сијалица, секое ќоше во општината. Вие одлучувате во какво место сакате да живеете. Овие избори се клучот на тоа како сакате да изгледа општина Тетово во иднина, порача Елезовиќ.
СДСМ за Општина Тетово има и листа со кандидати за советници предводени од носителот Илија Димитриевски.