Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс, кој денеска беше избоден со нож за време на средба со граѓани во Есекс, почина.
Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и е опериран.
По нападот полицијата уапси еден маж и соопшти дека нема да трага по други лица.