Власта соочена со изборен пораз, врши груби притисоци и заплашувања врз кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Николчо Стојменовски.

Под притисок од пораз на СДСМ, МВР на Спасовски врши притисоци и закани врз Николчо Стојменовски, поради што во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода.

Власта е уплашена и прибегнува кон притисок.

По преземањето на власта ќе има одговорност за сите вакви и слични случаи на злоупотреба на државните позиции. Пардон нема да има за помагачите на криминалната банда на Заев и Спасовски.

Доаѓа време на промени, народот е одлучен. Промени ќе има, тоа го знаат сите.