Во Росоман до 11 часот има излезеност од 13,08 проценти, изјави за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Ѓорѓи Крстевски.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи.

Се гласа на десет избирачки места. Право на глас имаат 3.341 лице.

Како што претходно МИА веќе информираше, се имаше појавено проблем на едно избирачко место во село Трстеник. Не работел апарат и бил заменет со нов. Таму, како информираше Крстевски, гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути.

Во моментов гласањето тече без проблеми.