Гласачите во скопските општини денеска масовно излегоа на гласачките места. Скопјани во досега невидени редови за гласање упорни се да го искористат своето право на глас и да одлучат кој и како понатаму ќе ја води нивната општина, и кој ќе се грижи за нивните животни потреби и проблеми.

Како и во поголемите градови во земјава, така и во Скопје, пред гласачките места можат да се видат по педесетина и повеќе луѓе како стрпливо чекаат да гласаат.