Од штабот на независниот кандидат Максим Димитриевски соопштија убедлива победа на нивната советничка листа и убедливо водство за градоначалник на Куманово пред вториот круг.

„Ова е победа на граѓаните за граѓаните на Куманово. Нашиот концепт е граѓански и тој концепт ќе победи и во вториот круг. Македонија мора да се менува. Куманово секогаш го следи трендот и секогаш бил предвесник на промените. Граѓаните на Куманово победија“, рече Димитриевски.