Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, трката за Градоначалник на Скопје уште од самиот старт е тесна и неизвесна а тоа го покажуваат и обработените гласови на околу 11% од избирачките места.
Според нив, Шилегов има освоено 8.400 гласови, Данела Арсовска 8.111, трет е Перо Георгиревски Камиказа од Левица со 1.713 гласа а Бени Шаќири од ДОМ и ЛДП е четврти според бројот на освоени гласови, односно има 911.