Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му честиташе на Арбен Таравари за победата во Гостивар, а најави поддршка за кандидатот за градоначалник на Алијанса за Албанците/Алтернатива за Чаир. Прашан дали ќе дадат поддршка на кандидатот од БЕСА за Тетово, Билал Касами, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе размислат во периодот којшто следи.

– Касами имаше изјава во која што кажа дека е подготвен да соработува со сите политички партии само не со ВМРО-ДПМНЕ. Не знам дали му треба поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, треба тој јавно да каже дали му треба или не му треба. Ќе размислуваме во периодот па потоа можеме да дадеме конкретен одговор на тоа прашање, рече Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски рече дека раководството на партијата ќе разговара дали ќе побара предвремени парламнатрни избори, но нагласи дека е можно наскоро да имаат и парламентарно мнозинство.