До самиот крај на пребројувањето на гласовите во трката за Град Скопје ќе биде неизвесно бидејќи ситуацијата се менува со секое обработено избирачко место.

Според последните податоци објавени на ДИК, на 17% обработени гласови водството го презема Данела Арсовска со 13.596 гласа пред Петре Шилегов со 12.524 гласа. Трет е Перо Георгиевски - Камиказа со 3.010 гласа.