Во одговор на новинарско прашање за тоа дали ќе повикаат да се гласа за некоја партија во вториот круг на локалните избори, Претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека Левица останува принципиелно на ставот да не коалицинира со ниту една партија.

– Меѓутоа, од општина до општина можни се преговори со опозициските партии. Ќе чекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак раководството ќе треба да ја донесе таа одлука. Во следните две недели планираме да свикуваме проширен Централен комитет каде што ќе се испеглаат сите овие прашања и ќе го дадеме курсот на понатамошните наши дејствувања. Евидентно е проопозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме и понатаму, рече Апасиев.