Претседателот на Левица, Димитар Апасиев смета дека опозициските тенденции се евидентни и можно е одржување предвремени парламентарни избори по локалните, затоа што, според него, „Заев е веќе дел од буништето на историјата“.

Тој нагласи дека ако евентуално има предвремени парламентарни избори, Левица би одела сами, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.

– Има најави и за една друга опција, односно ново парламентарно мнозинство без избори. Сите опции се отворени. По овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат како што беа досега, додаде Апасиев.