Народот сака уште повеќе работа и уште повеќе резултати. Тие резултати ќе ги обезбедиме со сите наши капацитети. Но, тие резултати се можни само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат да одат напред. Тоа е можно само со коалиција која води напред. Затоа ги повикувам сите, целиот македонски народ, сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци – сите борбата продолжува, прогресот се обединува бидејќи злото се заканува, рече Заев на прес-конференција по завршувањето на првиот круг од Локалните избори.

Тој нагласи дека коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централната власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, Беса, ДПА, Бошњачкиот сојуз и другите партии, ќе се обедини и, како што рече, ќе влезе во борба за мнозинствата во најголем број од веќе избраните совети на општините низ државата. Тоа се мнозинствата низ кои се претставени прогресивните и демократски политики на оваа коалиција поддржана од огромното мнозинство на народот.

Вели дека вториот круг ќе го одреди правецот по кој ќе се движи политичката сцена, но сепак е убеден дека СДСМ ќе ја задржи доминацијата во повеќе општини.