Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина, народот одбра иднина.

Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ.

Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре.

Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина.

Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот.

Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ изберени на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.

Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре.