„Ќе дадам се од себе, да ја максимизирам вашата поддршка уверувајќи ве дека токму тој избор е најдоброто за нашата Општина“.

Од денес, во остатокот од кампањата пристапувам со уште поголема мотивација, желба и посветеност да допрам до секој од вас, до секој мој сограѓанин претставувајќи ја визијата за Битола за подобро утре, изјави кандидатот за градоначалник од СДСМ Христо Кондовски.

Во изјава за медиумите, Кондовски посочи дека во вториот изборен круг кој е веќе извесен, ќе дадам се од себе, да ја максимизирам вашата поддршка уверувајќи ве дека токму тој избор е најдоброто за нашата Општина.

–Во следните две недели најавувам локално обединување на целиот коалициски потенцијал, кој во првиот круг беше разлеан на повеќе страни, како и поттик за излезност на сите кои од различни причини не излегоа на гласачките места. Со позитивен пристап продолжувам и кон големиот број граѓани кои вчера го дадоа гласот на кандидатите кои не влегоа во вториот изборен круг.! Ве уверувам ќе имаме голема заедничка победа која ќе ви припаѓа вам и на нашата Битола, изјави Кондовски и се заблагодари за поддршката во првиот круг.