Дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори. Го поздравувам демократскиот амбиент во кој што помина изборниот ден, со исклучок на определени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ. Таквиот бран го зафати и Кочани, власта го загуби мнозинството на локално ниво за 4.000 гласа.
Драги кочанчани,
Ве повикувам слободно и одлучно да се приклучите на промените кои што неминовно следуваат и заедно обединети и сплотени да создадеме нова иднина, каква што Кочани заслужува.