„Воздух“ – уметничка инсталација на уметникот Кензо Дигитал – се отвора в четвртокот во неодамна завршениот облакодер „Уан Вандербилт“ (One Vanderbilt) во општината Менхетн. Тој сега е четврта највисока зграда во Големото Јаболко.

Целосно стаклениот лифт, вклучувајќи го и подот, ги крева авантуристите до висина од 360 метри за само 42 секунди. Според Кензо, кој е познат по соработката со пејачката Бијонсе, искуството предизвикува „поглед на пространството и го потопува посетителот меѓу облакодерите и другите зданија“.

– Тоа е еуфорично и „мултисетилно“!, вели тој.

„Уан Вандербилт“, веднаш до станицата „Гранд централ“, е висок 430 метри. Повисоки се само Светскиот трговски центар 1, како и станбените кули „Централ парк“ и „111 западна 57-ма улица“ во Њујорк.


Администратор
20/10/2021 12:11