Плоштадот „Крушевска Република" има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните и туристите добиваат ново уредено катче.

Тоа го вети Кирил Пецаков, кандидатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил објави дека на плоштадот му е потребно дополнително уредување, со канделабри со лед-светилки, нова фонтана, хортикултурно уредување со садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот.

-Охрид заслужува да биде квалитетно место за живеење, со убаво уредени места каде што ќе се одржуваат познати културни и музички манифестации, како и места каде што охриѓани и туристите има да го поминуваат своето слободно време во релаксирање, разговор и одмор, изјави Пецаков.