Скопскиот саем е дел од историјата на Скопје, кој во текот на 67-годишното постоење беше средиште на бројни саемски манифестации, културни настани и општествени збиднувања. По рушењето на објектот, Скопје остана како редок пример на град во Европа без свој саемски простор.

Затоа, ќе обезбедиме нов објект на Скопски саем. Сместен на неколку илјади квадратни метри, со одлично инфраструктурно поврзување – новиот саем ќе биде новиот култен симбол на модерно Скопје. Скопје повторно ќе стане домаќин на регионални и светски саемски настани и средиште на економската соработка, партнерство, иновации и нови проекти, предвидува во предизборната програма кандидатот за Градоначалник на Скопје Данела Арсовска која во вториот круг влегува како победник пред нејзиниот конкурент Петре Шилегов.​