Премиерот Еди Рама објави на Фејсбук видео-запис во кое комуницира на англиски со лице во врска со лансирањето на сателитот „Албанија 1“ и „Албанија 2“

Во видеото лицето кое не се гледа, зборува англиски, а неговите зборови се преведени на албански јазик. Тој зборува за сателитите „Албанија 1“ кој ќе биде готов во март и „Албанија 2“ во јуни.

Видео-записот прикажува и слики од орбитата каде ќе бидат лансирани сателитите а завршува со зборовите „Неверојатно, но вистинито“.

Рама, на седнца на парламенот на 14 месеов најави дека Албанија следната година, ќе испрати во орбитата два сателита, а ден потоа дообјасни дека „сателитите и беспилотни летала ќе помогнат да се има целосна контрола врз целата територија на земјата“.

-Не само сателити, туку и интелигентни беспилотни летала за да ја одведат земјата на друго ниво во однос на администрирањето на територијата. Ова се алатки на новата технологија што гарантираат набљудување на територијата, од границите, до изведбата на градби, мониторинг поврзан со информациите потребни од структурите за борба против трговијата со луѓе, со цел целосно да се изолира трговијата со дрога, објасни Рама.

Додаде дека и другите развиени земји го прават ова и оти доброто на ова време не треба да се биде развиена земја за да располага со вакви алатки.