Поради позитивни случаи на Ковид-19, две паралелки од делчевската деветолетка ,,Св.Климент Охридски” од Делчево настава следат онлајн. Дополнително како што информираа од училиштето онлајн настава следат двајца ученици.

-Во училиштето ,,Св.Климент Охридски” по барање на родителите, предметна настава онлајн следи еден ученик од 8 одделение и 1 ученик од одделенска настава. Комплетно онлајн настава следат по една паралелка од 6 и 8 одделение, информираа од училиштето.

Во двете паралелки како што додадоа наставата од дома ја следат по 17 ученика или вкупно 34 ученици.

Во останатите воспитно-образовни установи, како што соопшти Советникот за образование, Ванчо Новоселски наставата се одвива без проблеми.

-Во деветолетката ,,Ванчо Прке” немаме дете кое следи настава од дома, исто како и во Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо”, нема позитивни ученици, додаде Новоселски.

Во сите воспитно-образовни установи во Делчево наставата започна со физичко присуство на учениците.