Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, три за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.


Администратор
21/10/2021 12:40