Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев очекува зголемување на парламентарното мнозинство и смета дека не треба да има предвремени парламентарни избори за земјата да може да се посвети на економијата. Вели дека Владата е стабилна и дека вчера тоа го потврдиле и партнерите во коалицијата што ја предводи неговата партија.

– Тоа е затоа што веруваат во проектите што ги работиме, во нашата филозофија, интеграциските процеси, веруваат во едно општество за сите и крупните политики во државата. Не може, Мицкоски или кој сака да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро, тогаш се е отворено и тоа е демократијата. Причината е политиката, определбата, вербата на тие што ги претставуваат граѓаните, тоа се пратениците. Тие имаат одговорност и сакаат да се пофалат со нешто добро. И затоа очекувам зголемување на парламентарното мнозинство, рече Заев вечерва во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Смета дека не треба да има предвремени парламентарни избори, зашто две и пол години без избори пред нас, рече, треба да се искористат за подобрување на економијата.

-Никогаш не сме имале две и пол години без избори и тоа треба да се искористи за економијата. Проблемот со Грција, НАТО, одлуката за ЕУ… Сега за што? – За подобар економски стандард на народот и повеќе бизнис и силни компании за да даваат поголеми плати…за да ја донесдеме Европа дома и да направиме Швајцарија на Балканот. Ако ги упропастиме овие две и пол години пред нас, мислам дека ќе си пукаме во двете нозе, затоа што тој бесконечен циклус на избори не е добро за никој, рече Заев


Администратор
22/10/2021 01:02