Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, по разговорот со функционерот на СПС, Том Фила, истакна дека „додека е жив“, партијата што ја предводи нема да влезе во коалиција против Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ за денешен Информер изјави дека нема шанси СПС по изборите во 2022 година да формира влада со никого, освен со Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ.

-Ако некој во мојата партија навистина има идеја да склучи какви било дилови и договори со Ѓилас, тој може веднаш самиот себе да се исклучи од СПС. Бидејќи, додека јас сум претседател, ма додека сум жив, нема да се случи да влеземе во коалиција против Вучиќ, го цитира Информер лидерот на СПС, Ивица Дачиќ.