На 20.10.2021 во 22:30 часот во Полициската станица Кичево бил приведен М.М.(30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.

Смрт констатирала медицинска екипа од Општата болница во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Администратор
22/10/2021 01:56