Социологот и универзитетски професор Илија Ацевски смета дека нарекувајќи го гласот на народот во првиот круг зло и национализам, премиерот Зоран Заев се мајтапи со народот, ама на повисоко ниво. -Станува збор за една конфузна изјава.
Кога вие ќе кажете зло за партиски противник тоа значи дека сте ги исцрпеле сите можни средства за борба, а другиот е злочинец, па прашањето е што треба да се случува со него, да го снема?
Македонија западна во лингвистичка криза во која не се бираат зборови. Дали оние кои не гласале за СДСМ се злочинците на кои се обраќа премиерот Заев, ова е класично мајтапење ама на повисоко ниво. Со ваквото однесување Заев урива се што направил во изминатите години, вели професорот за Алфа.