Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2019 година, најголемо учество во брутодомашниот производ на Република Македонија имал Скопскиот регион со 43.4 %, додека најмало е учеството има Североисточниот регион со 4.8 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 142.5, Југоисточниот регион со индекс 110.5, Вардарскиот регион 108.4 и Пелагонискиот регион со индекс 102.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија, соопшти ДЗС.


Администратор
22/10/2021 14:07