Телата на четворицата руски туристи, кои беа пронајдени мртви во хотелска сауна во туристичката зона Ќерет, кај Каваја, роднините ги презеле од мртовечницата во Тирана и по нивно барање ќе подлежат на втора обдукција во Русија.

-Во доцните вечерни часови синоќа, телата на четворцата руски туристи беа подигнати од мртовечницата од нивните најблиски. Присутни биле и претставници на руската амбасада. Тие ќе бидат подложени на втора обдукција од страна на руската држава. Ова на барање на самите членови на семејствата, пренесува Ора њуз.

Брачнот пар Наталија (58), Сергеј (60), нивната ќерка Екатерина Буренкови (31) и нејзниот свршеник Никита Белоусов(37), заедно со група руски туристи биле сместени во хотелот „Глорија ресорт“ во Ќерет.

Во Албанја пристигнале пет дена пред трагичниот настан. Пронајдени мртви беа вечерта на 21 октомври по 22:30 часот.