Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година е формирана организацијата која ќе го промени текот на македонската историја! Организацијата која се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, организација која е зачеток на формирањето на современата македонска држава!
Мои битолчани,
23 октомври – денес е
- борба за надеж и спас на Битола! - борба за зачувување на Битола од бизнис пајташите кои сакаат од неа да заработат, место за неа да работат! - борба за почиста и поздрава Битола! - борба за да ни останат младите овде, за подобри работни места! - борба за Битола, град на културата, град на спортот! - борба за Битола со современа патна инфраструктура! - борба за еднакви услови за живот и во градот и во селата! - борба за современи градинки и училишта, како што заслужува секое дете!
Денес е борба во која сме сите заедно и токму заедништвото на битолчани ќе ја понесе победата за Битола на 31 октомври!
Нека ни е вечна Битола, нека ни е вечна Македонија!