Педесет и четири пациенти со Ковид-19 во Црна Гора се во животна опасност, соопштија од Клиничкиот центар на Црна Гора. Вкупната бројка на хоспирализирни таму е 130 пациенти, објавија подгорички Вијести.
Во Црна Гора, првата доза од вакцината против Ковид-19 примиле 55,9 проценти од возрасната популација и ревакцинирани се 52,2 проценти. Масовната вакцинација во Црна Гора почна на 4 мај.