Поради поврзување на нова мрежа на улица Беласица 2 во населба Керамидница, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 512 и 515, од оваа скопска населба, информираат од ЈП „Водовод и Канализација" – Скопје.

Водоснабдувањето како што известија од градски водовод ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.