Кичево и Тетово може да значат губење на власта во блиска иднина, ако коалициониот партнер на Зоран Заев, Али Ахмети не ги добие гласовите во вториот круг, предупредуваат аналитичарите од албанската заедница во Македонија.

-Сметам дека ќе се употребат сите модели, оружја (фигуративно) и сите „финти“ за да се задржи она што се поседува. Затоа што ДУИ досега го водеше орото во овие места и ќе стори се за да го задржи. Не мислам дека ДУИ ќе изгуби од проста причина што ДУИ има премногу т.н. гласачка војска на терен, која е обврзана што со работа, што со условувања и со низа нешта кои се врзани и кои доколку се загубат ќе се загуби и позицијата на терен, а и реално јак тектонски удар ќе биде нанесен на ДУИ како политичка партија, вели аналитичарот Агим Јонуз за Алфа.

Политикологот Џенур Исени пак вели дека бадијала ќе биде победата на власта во помалите општини, ако не бидат добиени големите

-Најлошото сценарио за ДУИ е пораз во Тетово кое има и политичко значење за етничките Албанци. Ако се додаде на тоа евентуален пораз во Кичево, тоа ќе значи пад на ДУИ, иако победиле во некои рурални општини. Јас мислам дека Заев не е во позиција да го ризикува опстанокот на Владата, мислам дека ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, односно Теута Арифи, рече Исени.