Во Словенија поради влошување на епидемиолошката ситуација интензивирана е контролата на патници во јавниот превоз, а се размислува и за воведување на дополнителни мерки, иако засега не се најавуваат од Владата.
Во изминатите 24 часа потврдени се 707 новозаболени лица, што е речиси двојно повеќе од пред седум дена. За еден ден регистрирани се 11 смртни случаи.
Во Словенија од септември на работа можат да одат само лицата кои имаат потврда дека се вакцинирани или прележале, а ковид пропусниците се бараат и во јавниот превоз, за влез во трговските центри и слично.
Владата засега не најавува нови мерки, но истакнува дека вакцинацијата е најсигурна заштита. Само 53 отсто од населението е вакцинирано против Ковид-19.