Успешно е завршена операцијата на извлекување на бродот „Вера Су“, што повеќе од еден месец беше заринкан во карпите кај Камен Брег, во бугарските црноморски води, а која почна вчера во 17 часот и заврши денеска во првите минути по полноќ, јави БНР.
На овој начин, 36 дена по инцидентот, „Вера Су“ повторно е во пловните води.
Акцијата беше спроведена со помош на три реморекери – еден главен и два помошни.
По 16-18 часа се очекува бродот да пристигне на пристаништето во Варна, каде ќе треба да се испитаат сите евентуални оштетувања.
Акцијата на бродот се оцени како исклучително ризична.