Во Битола денеска и утре се одржува Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија / Ковид-19 предизвици“.

За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Сиднеј, Галвеј, Чјингдао, Бусан, Тераса, Брадфорд, Потсдам, Сараево, Софија, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм.

Форумот е поддржан од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.