Веќе полека и доаѓа крајот на оваа предизборна трка.
Гарантирам дека во рок од СЕДУМ дена од моето официјално преземање на градоначалничката обврска, започнувам со чекори за операционализирање и конкретизирање на активностите кои ќе значат работа и функционирање на ОПШТИНАТА.
Тоа се прецизни акциски планови за седумте клучни подрачја:
1. Подобри услови за живот за сите луѓе кои живеат во општна Битола - најмалку две нови инвестици и нови работни места за младите.
2. Ефикасна дигитализирана општина
3. Урбана инфраструктура веднаш, зелена и чиста Битола
4. Образование за 21 век, социјална заштита според индивидуалните потреби на секој поединец, разновидна и уникатна културна понуда.
5. Битола не смее да губи ни ден во борбата за здрава животна средина.
6. Битола топ туристичка дестинација.
7. Битола град на спортот, на спортистите и спортската публика.
Во првите 70 дена гарантирам, пред вас ќе ги претставам резултатите од преземените активности и плановите за остварување на 241 проект со кои што ја бараме довербата, кои ги препознавте како неопходно потребни за Битола, како решавање на проблемите со кои се соочуваме заедно и после 31 октомври заедно и посветено ќе ги реализираме.
Заради најмалку седум причини, на 31 октомври остануваме на заедничката страна и победуваме заедно за Битола, за секој од нас, за нашите деца, нашите внуци.
1. Јас нема да се штедам и подготвен сум да ги реализирам овие 241 проект
2. Знам како да направам оперативен план и стручни тимови, тоа да биде ефикасно и ефективно реализирано
3. Општината е јавен сервис и ќе работи исклучиво во партнерство со сите вас - нејзините граѓани
4. Свесен сум дека треба некои работи од темел да ги покренеме и силно да притискаме за нивна реализација - како гасификацијата и топлификацијата
5. Тврдам дека целиот интелектуален, стручен и граѓански потенцијал ќе го мобилизирам во интерес на градот
6. Како советник со четиригодишен мандат зад себе, точно знам како функционира локалната самоуправа и како може да се подобри тоа
7. Јас сум еден од вас, сите не мачат истите проблеми и оттаму и мојата мотивираност да влезам во борбата за подобар живот на секој кој што живее во општина Битола.