Црвениот крст на Република Македонија, Општинска организација Кавадарци, месецов традиционално ја одбележаа Неделата на борба против дијабетесот, под мотото „Здрави животни навики и дијабетот".
-Целта на оваа кампања е подигнување на свеста кај населението, за тоа што претставува шеќерната болест и нејзина превенција преку воспоставување на здрави животни навики. По тој повод, во просториите на Здружението на пензионери Кавадарци беше организирано бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок на околу 40 лица. Притоа од страна на стручното лице доктор Тони Јованов, лицата беа информирани дека шеќерната болест е хронична, исцрпувачка и скапа болест и беа советувани дека потребна е зголемена физичка активност, правилна исхрана и квалитетен живот, рекоа денеска од кавадаречкиот Црвен крст.
Волонтерите на Црвениот крст Кавадарци се вклучија во организирање превентивни заштитни мерки од Ковид-19.