Навистина ми е драго што на крајот на вториот круг сме тука во општина Ново Село.

Во Ново Село доаѓаат промените всушност тоа се чувствува во средбите со граѓаните, на улиците, во сите населени места во општина Ново Село.

На 31ви октомври сум убеден дека Ѓорѓе Божинов ќе стане нов градоначалник на Ново Село. Заеднички ќе создадеме нова иднина за Ново Село и за сите населени места во општина Ново Село.

Има бројни проекти во неговата програма за кој што сум убеден дека ќе ги реализира, а после завршувањето на локалните избори и извесната промена и на централната власт и едно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе соработуваат локалната и централната власт со цел да се реализираат бројни проекти.

Би сакал да упатам еден повик до сите кои што живеат во ново Село да излезат масовно на избори затоа што е тоа нивно право, да не паѓаат на црна кампања, ниту на заплашување ниту на уцени.

И да им порачам на оние кои што ги прават уцените и заканите и притисоците дека ќе одговараат затоа што е тоа тешко кривично дело согласно изборниот законик. Одговорност ќе има ве знаеме сите од прв до последен, а граѓаните масовно да излезат и да гласаат затоа што проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓорѓе Божинов се она што му треба на Ново Село. Тоа е новата иднина на Ново Село. Излезете и гласајте за бројот 7.