Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Скопје.
На вечерашната гостување на Канал 5 телевизија, Арсовска изјави дека ќе се откаже од овие функции бидејќи, како што кажа, единствената намера што ја има во следниот период е да биде претставник на сите скопјани во градот Скопје.