Во Културно-Информативен Центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Изразите на албaнскиот музички фолклор во Дервен, Северна Македонија” од Јесир Хоџа и Музиколошка трпеза.
Во книгата „Изразите на албанскиот музички фолклор во Дервен, Северна Македонија”, посебен акцент е ставен на на фолклорот на провинцијата на Дервен, кој во суштина се занимава со важни феномени како што се анализите на песните, текстовите, и други елементи кои што го претставуваат фолклорот на ова место.
Книгата ќе ја промовираат проф. др.Фатмир Хиси и проф.мр.Бехар Весели.
Авторот на книгата Јесир Хоџа е роден во Скопје.Од рано детство почнува со музиката со што ќе придонесе за неговото понатамошно образование во вистинска смисла на зборот. Средно музичко училиште завршил во „Илија Николовски – Луј“ – теоретскиот оддел. Дипломирал на Факултетот на уметностите во Тирана за музикологија, под водство на проф.д-р Фатмир Хиси, каде се здобил со звање дипломиран музиколог. Работи како професор по музичко во средно училиште „Др – Панче Караѓозов” и „Боро Петрушевски”.
Учествувал на државни и меѓународни натпревари за пијано, гитара и хармоника. Пишувал критички осврти во списанија и весници, меѓу кои треба да се спомне списанието „ОпусАлб“ од Тирана. Соработувал со значајни личности од музиката, меѓу кои со Сузана Турку, Кастриот Туша, и други.
Учесник е на првата монографијата посветена на Ансамблот на песни и ора „Каршиака“ од Скопје. Продолжува со втор циклус на студии на Факултетот на уметностите во Тирана за музикологија.