Во четирите општини во струмичкорадовишкиот регион за гласање од вториот круг за избор на градоначалник се пријавени вкупно 635 болни и изнемоштени лица и двајца болни од Ковид-19.

Најмногу се пријавени во Општина Василево-283 и 1 болен од коронавирусот. Таму во вториот круг довербата од граѓаните ја бараат Марјан Јанев од СДСМ и Славе Андонов од ВМРО ДПМНЕ.

Во Радовиш ќе гласаат 204 болни и изнемоштени и 1 болен од Ковид-19, а кандидати за градоначалник се Коле Чаракчиев од СДСМ и Ацо Ристов од ВМРО ДПМНЕ.

Во Ново Село има пријавено 92 болни и изнемоштени лица. Во оваа општина трката за градoначалник во вториот круг ја продолжија Ѓорѓе Божинов од ВМРО ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ.

Во Конче има пријавено 56 болни и изнемоштени, а тие и останатите граѓани својот глас треба да го дадат на на еден од двајцата кандидатиБлагој Илиев од СДСМ и Златко Ристов од ВМРО ДПМНЕ.

Овие граѓани своето избирачко право ќе го остварат утре, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори. Инаку, изборите во Струмица и Босилово завршија по првиот круг.

Костадин Костадинов од СДСМ е нов градоначалник на Струмица, а Ристо Манчев од ВМРО ДПМНЕ ја презеде градоначалничката функција во Босилово.