Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ вечер во кафе бар „наГоре“ во Струмица организира поетско читање, видео проекцијата и разговори за животот, делото и творештвото на Џек Хиршман, американски поет и активист.

За музичкото интермецо и поддршката на поетските рецитали е задолжен Панче Илиев – Пи.

Утревечер во кафе бар „У“ во Гевгелија, во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“, ќе биде организиран истоимениот настан „Денови на Џек Хиршман“, со програма која вклучува видео проекција со дел од неговите најважни претставувања, поетско читање, дискусија и презентација на неговото дело и диџеј сет на Аџамија.

Инаку, Џек Хиршман е роден во Њујорк, а израснал во Бронкс. Како млад уредник на Асошиејтед прес во Њујорк, неговиот прв допир со славата и неговото јавно препознавање доаѓа преку писмото што му го напишал Ернест Хемингвеј, објавено по смртта на Хемингвеј како „Писмо до младиот писател“. Хиршман дипломирал на „Сити колеџот“ во Њујорк и на Универзитетот во Индијана, кадешто студирал компаративна литература.

Тој е популарен и иновативен професор на UCLA во периодот на седумдесетите години од минатиот век, пред да биде отпуштен поради неговите антивоени активности. Оттогаш Хиршман живеел во Калифорнија, создавајќи го својот уметнички и политички дом во областа Норт Бич во Сан Франциско.