Славица Најдовска Стојковска, членка на ВМРО – ДПМНЕ е избрана за претседател на Советот на Општина Новаци.

Одлука за нејзин избор донесоа новоизбраните членови на Советот на Општина Новаци кои денес одржаа конститутивна седница.

-Посакувам среќна и успешна соработка во следните четири години со цел да ги реализираме сите проекти кои беа ветени во предизборната кампања и за што ја баравме и добивме довербата на нашите жители. Особено ме радува фактот што сум прва жена претседател на Советот на општина Новаци нешто што мојата партија ВМРО ДПМНЕ особено го истакнува промовирајќи ја родовата еднаквост како и важноста од поставување на жени на раководни места и функции, истакна Најдовска Стојковска, по нејзиниот избор.

На претседателката и новоизбраните советници успешен мадат им посака градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.