Промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани.
Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува уште само еден чекор до новата иднина.
Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани.
Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина, ајде заеднички да ја оствариме целта.
На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи. Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани.